СТАНДАРД life
Балкан микс

Северина во друштво на познат продуцент

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со години соработува со продуцентот Филип Милетиќ. Долго време се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе од обична соработка, но Севе неколку пати го демантираше тоа и рече дека тие се само пријатели и колеги.

Таа овој пат објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил и јавно му го честита роденденот на Филип.

„Среќен роденден, убав“, напиша пејачката заедно со нивно заедничко селфи.

Да потсетиме, Северина и Филип моментално се заедно во жирито на шоуто „Суперстар“. Тој има продукциска куќа, а работеше и на неколку нејзини хитови како „Бред Пит“, „Италијана“ и „Узбуна“.

Освен што работат заедно, тие се дружат и приватно. Неколку пати оделе на патувања, од каде објавувале заеднички фотографии.

Поврзани вести

📸Како никогаш да не родила: Партнерката на Горан Богдан за прв пат јавно по породувањето

Urednik

Бајага: Му благодарам на Бога што сум талентиран и што избрав работа што ме радува

Urednik

Калиопи и испрати порака на Марија Шерифовиќ откако доби син

Urednik