СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека денеска Владата ја усвоила листата на компании кои што ги исполниле условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста.

„Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост -ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата“, стои во објавата на Фејсбук на министерот.

Според Бектеши, тоа значи дека ќе се реализира оваа мерка, која беше дел од третиот сет економски мерки во рамки на Министерството за економија за справување со последиците од Ковид-19.

„Министерството за економија во наредниот период ќе склучи договори со компаниите за реализација на инвестициите со што ќе започне и исплата на средствата.Целта на оваа мерка е директно да ги поддржиме компанииите со цел да се стабилизира и обнови нивната конкурентност вклучувајќи го и враќањето на изгубените пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат заздравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот од март 2020 до декември 2021 година“ напиша министерот Бектеши, се наведува во соопштението од Министерството за економија“, објави министерот.

Поврзани вести

Како ќе се справи глобалната економија со Светската пандемија?

Како Елон Маск може да го спаси грчки „Ларко“, без дури и да се мачи?

Берта Китинска

„Златната виза“ стана тренд кај милионерите: Црна Гора им нуди посебни услови

Берта Китинска