СТАНДАРД life
Храна

🎥 Чоколадна торта со кокос! Фантазија од вкус што не смеете да го пропуштите

Доколку сте љубители на кокос, тогаш ќе се воодушевите кога ќе ја направите чоколадната торта со оваа состојка и додаток на кисело овошје.

Состојки:

* 3 јајца
* 1 лажичка ванилин шеќер
* 60 гр шеќер
* 50 мл масло
* 150 мл млеко
* 160 гр брашно
* 30 гр какао
* 1 лажичка прашок за пециво
* 70 гр рикота сирење
* 40 гр кондензирано млеко
* 100 мл слатка павлака
* 100 гр цреши

И уште:

* 120 гр чоколадо
* 70 мл слатка павлака
* кокос

Подготовка:

Јајцата се матат со ванилиниот шеќер, па постепено се додава шеќерот и се матат додека не се добие пенеста и бела смеса. Потоа сипете масло и млеко и продолжете со матење.

Потоа во смесата додајте просеано брашно со какао и прашок за пециво. Нежно измешајте и истурете во плех покриен со хартија за печење. Израмнете и печете во загреана рерна на 180°C околу 20 минути. Потоа земете кружен сад и исечете круг од тестото. Измешајте го сирењето рикота со кремот од карамела, па додадете ја слатката павлака и изматете.

Остатокот од тестото исечкајте го и додадете го во филот, па додајте ги црешите и измешајте. Потоа садот со кој го пресековте кругот обложете го со проѕирна фолија, па истурете го филот и одозгора ставете го кругот од тестото. Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер неколку часа.

Потоа извадете ја тортата од тавата и премачкајте ја со чоколадо што сте го стопиле со слатка павлака, а потоа посипете со кокос. Тортата ставете ја во фрижидер половина час и послужете ја.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за посен крем од лешник: Засладете се на вистински начин

Urednik

Направете совршени макарони и сирење и уживајте во денот

Urednik

Тестенини со фил од кељ: Вистинско „удобно“ јадење за овие студени денови

Urednik