СТАНДАРД life
Храна

Гибаница од тава

Гибаницата е најпопуларната пита на нашите простори. Секој има свој рецепт, чија основа е крцкава готова кора и фил од сирење, јајца и масло.

Иако сме навикнати да печеме гибаница во рерна, ниту онаа подготвена на шпорет во тава нема да ве разочара со својот вкус.

Најчесто се подготвува кога ќе останат уште неколку кори или кога сакаат да направат брза гибаница за појадок или вечера.

Состојки:

* седум кори за пита
* 200 гр сирење
* половина кесичка прашок за пециво
* 2 јајца
* 80 мл масло

Подготовка:

Премачкајте длабоко тавче со масло, па спуштете една кора така што краевите ќе излезат преку работ на тавата.

Јајцата се матат со масло и прашокот за пециво, се додава издробеното сирење и сето убаво се меша. На првата кора ставете дел од овој фил.

Над филот изгужвајте ја втората кора, па врз неа нанесете од филот. Користете уште четири кори и фил на ист начин.

Првата кора што „штрчи“ преку рабовите на тавата префрлете ја внатре во тавата, а врз неа ставете ја последната, седма кора, добро „стуткувајќи“ од сите страни.

Гибаницата премачкајте ја со остатокот од филот, попрскајте ја со масло и покријте ја.

Вклучете ја ринглата на средно-висока температура, па ставете ја тавата со капак и оставете ја да се готви околу пет минути. Потоа отстранете го капакот, превртете ја гибаната, повторно покријте ја и продолжете со печењето до златно кафеава боја.

Послужете со ладен јогурт или кисело млеко.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska

Никогаш не фрлајте конзервирано рибино масло: Дури и познатите готвачи го користат поради оваа причина

Radmila Tasevska

Сè уште не сте го пробале ова: Рецепт за палачинки во микробранова печка

Radmila Tasevska