СТАНДАРД life
Храна

Карамел пита со јаболка

Јаболката се најподатливо овошје за месени пити и колачи. Во зима, со мирис на ванила или цимет се неодоливи.

Состојки:

125 г путер

100 г шеќер

Јајце

250 г брашно

1-2 лажици кисела павлака

Малку прашок за печиво

За подлогата:

700 г јаболка

200 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

Цимет

Сок од 1 лимон

Приготвување:

  1. Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за печиво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.
  2. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.
  3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со работ на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.
  4. Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.

Поврзани вести

Пуслици полнети со чоколадо: Божиќен рецепт што секој може да го направи

Urednik

🎥Без печење и готов за кратко време: Рецепт за чизкејк од светски позната слаткарка

Urednik

📽Хељда со праз и печурки: Најздравото посно јадење

Urednik