СТАНДАРД life
Храна

Колач со сланина и кромид

Богат солен колач со сланина и млад кромид може да подготвите на едноставен начин.

Состојки:

200 гр брашно

100 гр путер

100 гр сирење

1 прашак за печиво

3 китки млад кромид

150 гр чадена сланина

3 лажици зејтин

2 лажици презли

4 јајца

2,5 дл павлака

100 гр кашкавал

сол, бибер

Приготвување:

  1. Во соодветен сад се ставаат брашното, путерот, сирењето, прашокот за печиво и малку сол и се замесува тесто. Приготвеното тесто се витка во фолија и се остава во фрижидер 30 минути.
  2. Кромидот се сече на тркалца, сланината на ленти, кашкавалот се ренда, а белките се двојат од жолчките.
  3. На малку зејтин се пропржува сланината, се додава младиот кромид и се вари околу 5 минути, се цеди од зејтинот и се остава да се излади.
  4. Жолчките се матат со павлаката и со сирењето па се додаваат кашкавалот и сланината со кромид. Белките се матат во цврста пена и се соединуваат со претходно приготвената смеса, се промешува и се зачинува по вкус.
  5. Тестото се вади од фрижидер па со сукало се развлекува на дебелина од 3 мм. Тркалезна тепсија се мачка со зејтин, се поросува со брашно а дното на тепсијата се прекрива со развлеченото тесто. Тестото на дното се боцка со виљушка, па се отстранува тестото што преминува преку страните од тепсијата.
  6. Тестото во тепсијата се поросува со презли, па се става приготвената смеса. Колачот се пече во рерна на 180°Ц 40 минути, додека не порумени.

Поврзани вести

Рецепт за „паметен“ пијалок

Urednik

Идеја за совршен летен ручек: Рендани пржени тиквички

Urednik

Вегански рецепт: Tорта со малини и лимета

Urednik