СТАНДАРД life
Храна

Лут намаз од грав

Многу вкусно мезе од грав кое идеално оди со парче овчо бело сирење …

Потребно е:
500 гр шарен грав
1 лажица мелен сув зачин
сол
4-5 црвени везени лути пиперки
1-2 чешниња лук
бибер
свежо нане
80 мл масло
оцет, по желба

Подготовка:

– Измиениот грав потопете го во млака вода и оставете го да стои во неа 4 часа. Потоа сварете го во истата вода во која сте додале мелен сув зачин и сол.

– Лутите пиперки посебно сварете ги во малку вода, исцедете ги, извадете им ги семките и потоа ситно исецкајте ги.

– Сварениот грав исцедете го и измешајте го со исецканите лути пиперки и добро испасирајте го.

– Потоа додадете го лукчето, бибер, исецканите ливчиња нане, масло и оцет и измешајте убаво за да се соединат сите состојки.

Поврзани вести

Готвиме со Емилија: Рецепт за познатата турска пица – Лахмаџун

Radmila Tasevska

Колач со сланина и кромид

Radmila Tasevska

Посен ролат од спанаќ

Urednik