Сутлијаш, старомоден деликатес кој се подготвува за 30 минути.
Состојки:
– 250 грама ориз
– 80 мл млеко
– 200 мл вода
– 100 гр бело чоколадо
– 3 кесички ванилин шеќер
– цимет за декорација
– 1/2 лажичка сол
Подготовка:
Истурете вода во тавата и посолете. Потоа додадете 250 грама претходно измиен ориз и варете на умерена температура 10 минути.
Додадете млеко и ванилин шеќер, па варете додека оризот не е готов.
Кога ќе се свари оризот, додадете го белото чоколадо и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Смесата сипете ја во помали садови и по желба посипете ја со цимет.
Наздравје!