СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Јацек Олчак е нов генерален директор на Филип Морис Интернешнл

На годишното акционерско собрание што се одржа на 5 мај 2021 година за нов генерален директор на Филип Морис Интернешнл (ФМИ) назначен е Јацек Олчак, кој досега ја извршуваше функцијата Главен оперативен директор. Истовремено Олчак е избран и за член на Управниот одбор. Досегашниот извршен директор Андре Каланцопулос, кој ја извршуваше таа позиција од 2013 година, е избран за претседател на Управниот одбор на компанијата.

При преземањето на функцијата, Олчак се обврза на забрзана транзиција кон производи без чад што започна во 2016 година. Компанијата е фокусирана на развој, научна валидација и одговорна продажба на производи без чад кои се помалку штетни од пушењето, кон целта да се заменат цигарите со овие производи.

„За мене е голема чест и задоволство да го водам ФМИ на патот на забрзана трансформација во компанија што нуди производи без чад. ФМИ е лидер во научна иновација и нашата амбиција е до 2025 година, повеќе од половина од нето приходите да доаѓаат од производи без чад. Нашата долгорочна иднина се заснова на асортиман што постојано го прошируваме. Ќе се потпреме на нашето научно истражување и експертиза и ќе ги примениме нашите колективни вештини и имагинација за да продолжиме со иновации над постојниот опсег и да истражуваме нови области на развој на бизнисот “, изјави Олчак.

Олчак (56) ја започна својата кариера во ФМИ во 1993 година. Прво беше на различни позиции во секоторот за финансии и во генералениот менаџмент низ Европа, вклучително позиции директор на ФМИ за Полска и Германија и претседател на регионот на Европската Унија, пред да биде назначен за главен финансов директор во 2012 година. Тој ја извршуваше оваа функција до 2018 година, кога стана Главен оперативен директор. Магистрирал економија на Универзитетот во Лоџ во Полска.

Олчак е еден од главните двигатели на преминот кон производи без чад на компанијата ФМИ, чија продажба започна со лансирањето на IQOS во Нагој, Јапонија во 2014 година. Под негово раководство како директор за операции, ФМИ го зголеми удделот на производи без чад во вкупните нето приходи на 28 проценти во првиот квартал од 2021 година и до 31 март 2021 година ги лансираше овие производи на 66 пазари. Тој исто така ја предводеше комерцијалната трансформација на компанија во која потрошувачите се на прво место.

„Како нов извршен директор, Јацек е во идеална позиција да ја реализира визијата за иднина без чад. Неговата потрага по резултати се заснова на страста кон компанијата и нашите вработени, како и на широко познавање на нашите производи, системи, вредности и инвеститори. Убеден сум дека тој е идеален лидер кој гарантира постојан раст на нашата деловна активност и реализација на вредноста за акционерите. Драго ми е што ќе продолжам да соработувам со него, како претседател на Управниот одбор “, рече Каланцопулос.

„Од самиот почеток, Јацек беше еден од предводниците на трансформацијата на компанијата ФМИ кон производи без чад на меѓународно ниво. Неговите способности и експертиза отвораат ново возбудливо поглавје за нашата компанија. Под негово водство, ние го лансиравме минатата година првиот тутунски производ без чад во Македонија и среќни сме што секоја година сè повеќе луѓе стануваат свесни дека има подобри алтернативи од продолжување со пушењето “, рече Иван Костиќ, извршен директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП).

Поврзани вести

Хуавеј е прогласен од Gartner Peer Insights за избор на купувачите за 2020 за Центарот за податоци и клауд мрежи кој доби највисоки оценки

Stefanija Kuzmanovska

Проценките ѝ даваат на Европа придобивка од 5G од околу 210 милијарди евра

msp-admin

Демистифицирање на никотинот: Неетички е да се лишат луѓето од помалку штетни алтернативи

msp-admin