СТАНДАРД life
МК Сцена

📷Ивановска се сретна со Грета Тунберг: „Заедно сме посилни“

Македонската манекенка Катарина Ивановска и Грета Тунберг се сретнаа при посетата на светски познатата еко-активистка на Македонија.

Двете се фотографирани во еден познат ресторан во Гевгелија, а „средбата“ е овековечена на нивниот Инстаграм профил.

Тунберг пристигна во Македонија и го посети Социјално-културниот центар во Тетово, а потоа се приклучи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф.

Младата Швеѓанка ја повика јавноста на солидарност и истакна дека заштитата на животната средина и човековите права се неразделни цели, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на локалните заложби.

Што се однесува до Ивановска, моментално е на одмор во Лефкада.

Таа се впуштила во едриличарска авантура, во друштво на својот партнер Стефан Ханџиски и блиски пријатели.

„Едрам за првпат“, напиша Ивановска во описот на објавата.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Поврзани вести

(Фото) Тамара Тодевска со една фотографија им покажа на сите дека е во среќна врска со Лука: „Те бирам тебе – секогаш“

Urednik

Над 40 музички артисти на овогодинешниот Пиволенд во Скопје

Urednik

„Џезтет“ – концерт на Георги Шаревски во Јавна соба

Urednik