Младиот македонски пејач, кој неодамна се оствари во улогата на татко, Филип Стојковски ја препеа безвременската „Зајди, зајди“.
Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак Филип ја донесе во вистинско светло.
– Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја пеам. Сакав да остане како видео на мрежите за да може јавноста да ја слушне во секое време. Ги пеам и „За Милица”, „Ја излези Ѓурѓо”, „Девојче бело црвено” и ред други, си ја сакам и почитувам македонската песна и традиција, вели Филип.