СТАНДАРД life
МК Сцена

📽ТУРБО-НЕТ на Панова утре на фестивалот за краток филм во Галичник

На 1-ви Август на фестивалот за краток филм во Галичник, ќе биде прикажан филмот, ТУРБО-НЕТ, во сценарио и режија на Надежда Панова.

Улогите ги толкуваат млади и искусни глумци меѓу кои Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, ИлијаВолчески, Ивана Павловиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Петар Горко. Сценографијата е на Дејан Ѓошевски, камерата на Лашло Кадар а извршен продукцент е Виктор Павловски.

Филмот е приказната за едно семејство, и неговите предизвици после смртта на таткото, сопственик на Турбо-Нет, првото интернет кафуле во градот, и центар на друштвениот живот на почетокот на векот.

Подржан од Агенцијата за филм и фондот Синефором, Женева, филмот е ко-продукција на Пирејфилм, Скопје, и Камера300, Швајцарија.

Поврзани вести

„Бизнисот на задоволството“ селектиран на два нови фестивали во САД

Urednik

Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција

Radmila Tasevska

Македонија нема да учествува на Евровизија 2024

Urednik