СТАНДАРД life
Фото: Организациски тим на „Дац и Александар – Дамите Бираат“
МК Сцена

Дац и Александар со два концерти во МНТ по повод 8.март

Милениците на женската публика, дуото ДАЦ И АЛЕКСАНДАР, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „ДАЦ И АЛЕКСАНДАР – ДАМИТЕ БИРААТ“.

МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената.

Концертот ќе биде збогатен со голем оркестар од 15-тина луѓе на сцена, предводен од маестралните „ДРИМ ТИМ“, како и со специјални музички гости (музички доајени на естрадата) и пријатели на дуото.

Публиката ја очекуваат две волшебни вечери исполнети со елеганција, љубов и боемштина, а Дац и Александар со своите хитови и изборот од евергрини ќе ја исполнат салата со љубов, убавина и ноти што допираат директно до душата.

На оваа целовечерна прослава на љубовта по концертот во фоајето на МНТ присутните ќе уживаат и во гала коктел забава и дружење со Дац и Александар, заедно со DJ Миле Ѓуриќ и Боби Јоргушевски.

Слоганот на овие концерти е “ДАМИТЕ БИРААТ, А МАЖИТЕ РЕЗЕРВИРААТ” и тоа, како што велат Дац и Александар, “мажите да го направат навреме”. Од МНТ велат дека веќе има огромен интерес за билети по официјалното пуштање во продажба на 1 декември, стои во најавата за концертот.

Поврзани вести

Премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX“ во Копенхаген

Urednik

Лара по 10 месеци ја прекина тишината со „Нека гори“

Radmila Tasevska

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници“

Urednik