СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
МК Сцена

Детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Две лица му пристапиле со нож и пиштол, барале 20.000 евра откуп

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран синоќа, а сè се случило во Бетон Хала, кога, како што се претпоставува, му се приближиле двајца странски државјани со нож и пиштол.

Имено, како што дознава „Блиц“, инцидентот се случил кога пејачот излегол од барот каде што пеел.

Му се приближиле двајца странски државјани со нож и пиштол. Го турнале во автомобил и го врзале, а се појави и видео од киднапирањето.

Бидејќи контролите се засилени во текот на викендите, полицијата им сигнализирала да застанат за време на редовна проверка, но тие не го сториле тоа.

Отприлика во исто време кога полицијата ја започнала потера, пријателот на пејачот го пријавил киднапирањето.

Кај Рума, на кривината удриле во тротоар. Тогаш, киднаперите почнале да бегаат од полицијата, а Даниел Кајмакоски останал во возилото.

Како што дознаваат српските медиуми, намерата била да се јават кај неговото семејство за да побараат откуп од 20.000 евра. Потрагата по киднаперите сè уште е во тек, пишува српски Блиц.

Даниел Кајмаковски е познат како победник на првата сезона на музичкото натпреварување „Икс фактор адриа“ и претставник на Македонија на Евровизија 2015.

Поврзани вести

📸🎥Елена Васова добитник на наградата „Милан Младеновиќ 2025“: Слушнете ја песната „Љубов“

Urednik

🎶Милко се враќа со новиот сингл „Тажен понеделник”

Urednik

„Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на посетителите – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола направија предновогодишен музички спектакл

Urednik