СТАНДАРД life
МК Сцена

Дина Јашари има нова песна: Не сум твој сон

Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра.

Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот што ја придружува Дина на сите нејзини настапи во живо.

Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште, maja’s handmade world, Mирјана Јосифовска, Vera pinc.

Поврзани вести

📹Последниот концерт на Јоце Панов на кој придружен вокал беше покојната Сара Пројковска

Urednik

🎥 „Шеќерни луѓе“ селектиран на 10 меѓународни филмски фестивали

Urednik

„Хомо“ со десетта награда на меѓународен филмски фестивал

Urednik