СТАНДАРД life
Шоубиз

Синот Пакс за Бред Пит: „Ти ни го направи животот пекол. Се тресевме од страв“

Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли, 19-годишниот Пакс, го нарече својот татко „лошотија од светска класа кој ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“ во објавата на Инстаграм за Денот на таткото 2020 година, открива Дејли Мејл.

„Го претвори животот на моите најблиски во пекол“, напиша тој и додаде:

„Можеш да си кажеш себе си и на светот што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина.“ Тој саркастично заклучи:

„Среќен ден на таткото, еб***, ужасно човечко суштество“.

Пакс го напиша ова за Пит на својот приватен Инстаграм профил кога имал 16 години.

Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам во 2007 година. Тој имаше три години, а неговата биолошка мајка, зависничка од хероин, го напуштила како новороденче. Бред официјално го посвои следната година.

Ќерката јавно се откажа од презимето на Бред

Интересно е што неговата сестра Захара јавно се откажа од презимето на нејзиниот татко. Оваа 18-годишна студентка на Универзитетот Спелман во Атланта неодамна се приклучи на првата црна сестринска група во историјата, Алфа Капа Алфа.

На социјалните мрежи сега се шират видеа од иницијацијата, а многу фанови беа изненадени од јавниот настап на Захара. Имено, таа за време на прославата застанала пред поголема група луѓе и гласно рекла:

„Моето име е Захара Марли Џоли“, со што откри дека се откажала од презимето на нејзиниот татко.

Поврзани вести

Каја Гербер за Синди Крафорд: „Таа е кул мајка, но постојано ме срами“

Urednik

Селин Дион за прв пат во јавноста: Пејачката откажала се поради тешка болест, а вака сега изгледа (ФОТО)

Radmila Tasevska

Снуп Дог тужи голем трговски синџир: „Намерно ги криеја моите житарки и тврдеа дека ги продале“

Radmila Tasevska