СТАНДАРД life
МК Сцена

„Досие иднина“ на фестивал во Нанси   

Македонскиот краткометражен игран филм „Досие Иднина“ во режија на Гоце Трајковски ќе ја има својата интернационална премиера на филмскиот фестивал во Нанси, Франција, кој годинава се одржува по 29ти пат.

Филмот ќе биде прикажан во официјалната програма, а проекцијата е закажана за понеделник, 28 август во 20:45 часот.

Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематографер е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.

Фестивалот во Нанси е еден од водечките европски фестивали насочени кон промоција на младите автори и нивните краткометражни и документарни остварувања.

Филмот е во продукција на „Слобода филм“ – Скопје.

Поврзани вести

„Кажи ми во лице“ е мелем за уши – Музичкото дуо Дупер со нов музички хит

Radmila Tasevska

Хотел 88 премиерно во Македонија

Urednik

Парлов, тату мајстор: Основата на добрата тетоважа е кога ќе се послуша артистот за изгледот на дизајнот

Urednik