Во моментов ништо не ми се допаѓа на македонската модна сцена, немаме доволно финансии на национално ниво за да се повикуваме на мода, се снаоѓаме и преживуваме. Нема простор за колачи кога луѓето се крпат за леб. Нема простор за стил кога владее балкански ефтин шунд за жал. Се разбира секоја чест за исклучоци и за оние храбри жени мои идоли кои секојдневно се борат и не се предаваат ниту продаваат три за сто во локалниот вртлог на кич и безличност, вели во интервју за „Стандард лајф“ Ивана Кнез, креаторка и дизајнерка.
На прашање што е најважно за дизајнер кој сака да се истакне, македонската дизајнерка вели „да не размислува“.
-Не заборавајте, колку и да е модерна професија, колку и да е процентуално поткована од фамилијарни или надворешни спонзори, сепак базата на дизајнерот е уметноста. А уметникот е тој кој чувствува, создава, поставува прашања и предизвикува револуции, истакнува таа.
За тоа која е најдоброто облечената јавна личност во регионот, Ивана е децидна:
„Идолизирам жени кои не се јавни личности, најчесто најдобро облечени се оние кои не користат социјални медиуми“.
Какви беа вашите почетоци во модата?
-Оние кои не ги паметам, постои даден момент каде на мои 4 години откако слушам разговор помеѓу мајка ми и вујна ми за тоа како на вујна ми и е потребно нешто за да го носи на свадба, јас и носам нацртан фустан и и велам еве ова е решението. Не се сеќавам на ова, се сеќавам дека сите кукли беа преоблечени во фустани што јас им ги имам направено и сите тетратки ми беа исцртани со цртежи од принцези во огромни фустани. Од секогаш знаев дека ќе бидам нешто што има врска со гардероба, но не знаев дека тоа ќе е дипломиран костимограф.
Кој стил го претпочитувате?
-Зависи која Ивана е на сцена, од најсветкави шљокици до црна ролка и фармерки, врзана сум со гардеробата, емотивно и бонтонски. А често го кршам тој бонтон уметнички.
Кога би имале само три збора за да го опишете совршениот стајлинг, кои би биле тие?
-Кошула, фармерки, бајкерки.
Со која позната личност имате постигнато најдобра соработка?
-Со првата дама на Хрватска, госпоѓата Сања Мишич Милованович, секогаш ми е чест и привилегија да изработувам парчиња за неа.
По ваше мислење, која е најдоброто облечената јавна личност во регионот?
-Идолизирам жени кои не се јавни личности, најчесто најдобро облечени се оние кои не користат социјални медиуми.
Како изгледа вашиот креативен процес?
-5 наутро тренинг, кафе и ритуали за нега на лице до 7, потоа може да разговараме за креација. Интуитивна сум и сакам да се слушам себе се повеќе и почесто како стареам, така и помалку грешам. Работилница, клиенти, состаноци, социјални медиуми, мејлови до 18, потоа е време за мене и некоја нова книга или серија на National Geographic.

Што ви се допаѓа кај македонската модна сцена?
-Во моментов ништо, немаме доволно финансии на национално ниво за да се повикуваме на мода, се снаоѓаме и преживуваме. Нема простор за колачи кога луѓето се крпат за леб. Нема простор за стил кога владее балкански ефтин шунд за жал. Се разбира секоја чест за исклучоци и за оние храбри жени мои идоли кои секојдневно се борат и не се предаваат ниту продаваат три за сто во
локалниот вртлог на кич и безличност. Ми се допаѓаат индивидуите кои не ги засега моменталната состојба и кои не се откажуваат, за мене тие се и ќе бидат засекогаш тренд.
Што е најважно за дизајнер кој сака да се истакне?
-Да не размислува. Не заборавајте, колку и да е модерна професија, колку и да е процентуално поткована од фамилијарни или надворешни спонзори, сепак базата на дизајнерот е уметноста. А уметникот е тој кој чувствува, создава, поставува прашања и предизвикува револуции.
Како го гледате врвот на вашето модно патување?
-Никако, научив да не гледам во иднината, бројам чекори сега и овде, никој не знае колку е висок врвот се додека не падне од истиот.
Има толку многу цитати за модата, кој ви е омилен?
-You can have anything you want in life if you dress for it. —Edith Head.
Р.Т.