СТАНДАРД life
МК Сцена

Француски филм на Неделата на франкофонски филм во Кинотека

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто се одржува до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна Македонија.

Неделата на франкофонскиот филм се реализира со поддршката на аптеките Зегин.

Во рамките на оваа филмска манифестација, в сабота, 28 јуни, со почеток во 20 часот, во Кинотеката, ќе биде прикажан исклучителниот  француски филм „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи” (2023), на Жана Ери, со Елоди Буше, Адел Егзаркопулос и Лејла Бекти во главните улоги.

Филмот ја истражува ресторативната правда, од 2014 година, во Франција. На овој начин, на жртвите и сторителите на прекршоци им се дава можност да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери.

Филмот е награден e со 5 Цезари во 2024: Цезар за најдобра фотографија, најдобра музика, најдобри костими, најдобри визуелни ефекти како и Цезар за најдобра споредна женска улога, и има над 1,1 милион продадени влезници во кино-салите во Франција.

Француските медиуми за „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи” напишаа:

„Овој филм полн со надеж, е ода на издржливоста и голем успех.” (Вен минит)

„Филм кој воодушевува и ги отсликува сите детали, на моменти тежок но и оптимистичен, во изведба на неверојатни актери.” (Ле Паризјен).

Поврзани вести

Јон Вардар повторно во Бразил

Urednik

„Бизнисот на задоволството“ патува за Уругвај

Urednik

Манчевски: Со „Кајмак“ го омрсивме Сараево

Urednik