Македонската Радио Телевизија соопшти дека идната година Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.
„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година“, соопштија оттаму.
Јавниот сервис на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.