СТАНДАРД life
Секс и врски

2 причини зошто на жените по 40-тата не им е лесно да најдат љубов

Многу дами се жалат дека не можат да најдат маж, а излегувањето со некој над 40 години може да биде тешко.

Постојат две главни причини зошто зрелите жени не можат да го привлечат и задржат вистинскиот интерес на квалитетните мажи.

2 помалку очигледни причини зошто на жените не им е лесно да најдат љубов

1. Критички, осудувачки, затворен начин на размислување

2. Високи очекувања (со други зборови, неразумни и недостижни)

Жените се познати по нивниот „список“ што се карактеризира со особини и атрибути кои мора да го красат мажот со кој ќе се состанат или ќе се омажат.

Затворена жена автоматски отфрла маж врз основа на површни информации. Ако се појави на првиот состанок облечен во погрешна кошула, или ако косата или очилата му се застарени, или е малку резервиран, таа веднаш го отфрла или ако излезе на втор состанок, не ѝ се допаѓа неговата куќа, неговото куче, неговиот автомобил или неговите омилени ТВ емисии и го затвора умот на можноста дека овој човек може да биде интелигентен, вљубен, стабилен, или гру бдијамант кој само треба да биде исполиран.

Списокот со фантазии на некои жени може да биде неразумен – длабоки џебови, скапи куќи, луксузни автомобили…

Слободните жени над 40 години можат да бидат бескомпромисни во врска со нивната „листа“. Тие го живееле својот прв живот. Тие се ослободиле од себичното, момче кое изневерувало или се развеле од препотентниот, груб сопруг. Ги пратиле децата на факултет и се издржуваат самите себе.

Дојде време за нив, како што сакаат да кажат, и составуваат долга листа на задолжителни работи кои стануваат бескомпромисни, па никој не може да им парира.

– Го запознав мојот сопруг на натпревар. Веќе на првиот состанок знаев дека не е лошо момче кое ме привлекува импулсивно. Немаше симпатична хемија. Неговата облека беше излитена, сива и уморна. Разговорот му беше воздржан. Беше ќелав и со прекумерна тежина. Но, нешто во стомакот ми кажа дека тој е тој, па се согласив на втор состанок – вели Ненси Николс блогер и бестселер автор за самопомош, запознавање и врски.

Ненси исто така признава дека се забавувала со него затоа што имал фарма со животни, мислела дека би било забавно да јава коњ и да гали крава.

– Продолжив да излегувам со него бидејќи ме обожаваше и никогаш не ме повреди. Се заљубив во неговото срце и се омажив за него. Денеска мојот сопруг има плакар полн со стилска облека, има фризура на Мајкл Даглас, ослабе, а јас го поседувам мојот прв коњ – открива таа.

Ако излегувате со некој над 40 години, не се работи за намалување на вашите стандарди. И не треба да се задоволите со кој било господин.

Се работи за тоа да се ослободите од списокот со фантазии и да му дадете шанса на мажот да ви ги покаже своите најдобри и најтрајни квалитети. Можеби ќе откриете дека совршениот маж за вас е само завиткан во различно пакување, пишува YourTango.

Поврзани вести

Жените во студијата откриле дали големината на машките гениталии им е важна за оргазам

Radmila Tasevska

Поза во кревет која на жените им гарантира врвен оргазам, а мажите не можат да ја поднесат

Urednik

Како да препознаете емотивно неверство: 5 модели на однесување за кои можеби не сме ни свесни

Urednik