30.8 C
Скопје
20 септември, 2026
СТАНДАРД life
МК Сцена

📸 Перо Антиќ и Сања Ристиќ во ноќно возење во пижами

Веќе подолг период се шпекулираше која е новата девојка на нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ.

Иако ретко сака да зборува за приватниот живот, Перо Антиќ одлучи да открие дека е во врска со Сања Ристиќ, инфлуенсерка која работи како и како менаџер во семејна компанија, а ја паметиме и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.

Имено, Сања на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија на која двајцата носат новогодишни, црвени пижами со мече и зимски капи.

„Ноќно возење во пижами“, пишува на  фотографијата што ја објави Сања, а сподели Антиќ.

Да потсетиме, Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица, со која има три сина, а Сања Ристиќ беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има два сина.

Поврзани вести

„Ристо Шишков“ за Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“

Urednik

Петто издание на Флипбук Филм Фестивал во Кинотека

Urednik

Интервју со Јована Аврамовска: „Што го врти светот“ е за публика која сака да гледа напред, да создава и да учи

Urednik