СТАНДАРД life
МК Сцена

Премиера на концептуалниот театарски перформанс „Супер Марио живее у Скопје“

Во понеделник, на 18.11 во Театар на сенки и облаци ќе се оддржи премиерата на концептуалниот театарски перформанс „Супер Марио живее у Скопје“.

Краткото театарско парче кое е наменето за деца и младинци ги обработува меѓучовечките односи преку мотиви на ликовите од култната видео игра Супер Марио. Автор на репликите и концептот е Никола Кузелов, но актерите сепак голем дел од својата игра ќе ја базираат на импровизации и комуникација со гледачите.

Во театарскиот перформанс ќе учествуваат Ања Митиќ, Никола Кузелов, Нела Павловска и Виктор Велевски. Авторите велат дека иако станува збор за тетар наменет за помладите, сепак добродојдена е публика од сите возрасти бидејќи перформансот обработува теми важни се секоја индивидуа.

Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

Поврзани вести

Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски

Urednik

Маријан Стојаноски стана татко по трет пат

Urednik

Француски филм на Неделата на франкофонски филм во Кинотека

Urednik