СТАНДАРД life
МК Сцена

Слушачка промоција на албумот Карла Левински

Изданието број 100 за независниот издавач Шарла Рекордс ќе биде во вид на истоимениот албум на бендот Карла Левински кој официјално ќе биде промовиран во Ла Кања, овој петок во 20 часот.

Се работи за најновиот музички проект на неуморниот Сеад Хаџиќ – Сецко, и овој пат поддржан и следен од неговите музички пријатели. Иако некои кругови ќе го наречат жива легенда на скопската сцена, музички ветеран за некои други, сепак, нашиот опис би бил дека се работи за еден од најавтентичните гитаристи на домашната независна рок сцена, карактерен и иновативен автор без рок на траење. После повеќе од 35 години и околу дваесетина албуми под неговиот појас, Сецко ни нуди бенд со исклучително провокативен и интригантен концепт – Карла Левински.

Карла Левински е процес, идеолошки и естетски инспириран од авангардата на 20 век – од ситуационизмот и летеризмот, преку анархизмот на Прудон, Кропоткин и Бакуњин, индивдуализмот на Макс Штирнер, па сѐ до југословенскиот црн бран и секако, панкот во сите пројавни форми и значења. Логично, албумот е на истата естетска линија со своите влијанија, и во сите осум песни може да се почувствува сирова музичка енергија и политички став со јасен критички однос кон светот денес и општествата моделирани според доминантиот принцип. Воедно, ова е и вредна музичка посвета на историјата на панкот, пост-панк варијациите со сите електронски влијанија низ времето, и сѐ тоа во една аналогна звучна слика со луцидни експериментални акции кои се заштитен знак на бендовите на Сеад Хаџиќ.

Како музичари-соработници на овој материјал, покрај неговиот постојан музички партнер Огнен Мангаровски – Оки (гитара и сајзери), се појавуваат и Андреј Коларовски на бас гитара и Ратко Даутовски на перкусии. Албумот е снимен во домашното студио на Сеад Хаџиќ, а миксот и продукцијата се дело на Горан Трајкоски. Дизајнот на изданието е на Тања Вукобрат, по идеја на Сеад Хаџиќ.
Карла Левински LP официјално излегува во петок на 07.06.2024 година, и ќе биде достапен во дигитален формат на линкот: sharla.bandcamp.com.

Поврзани вести

Игор Џамбазов слави 2 јубилеја во Филхармонија

Urednik

📽Симона Поповска со промоција на спот за макфестовската „БЕЗ ТЕБЕ”

Urednik

Премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX“ во Копенхаген

Urednik