СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Видео) Тамара и Лука раскинаа? Бришење на заедничките фотографии и видео што ги збуни обожавателите

Три години откако јавноста дозна за нивната љубовна врска, пејачката Тамара Тодевска и архитектот Лука Радовиќ веројатно ставија точка.

Тие иако долго време уживаа во заедничката љубов и среќни моменти, иако Лука беше близок со децата на Тамара, Дарен и Хана, сепак пејачката очигледно почетокот на новата година го започна и со ново поглавје.

Пејачката пред неколку сподели духовито видео во кое преку реплика од серијата „Белиот лотос“ на хумористичен начин покажа како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на љубовен состанок.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Внимателните следбеници исто така забележале дека од инстаграм-профилот на Тамара избришани се сите заеднички фотографии со Лука, а двајцата пoвеќе не се следат на ниту една од социјалните мрежи.

Да потсетиме, врската меѓу Тамара и Лука стана јавна во 2023 година, по нејзиниот развод од Александар Димитровски – Мачка.

Тамара отворено и јавно зборуваше за новата љубов, а често споделуваа и заеднички моменти на социјалните мрежи.

Засега Тамара не се огласила јавно по овој повод, па останува да видиме што е точно, а што не.

Поврзани вести

Заврши IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show: Македонија седма светска сила во хип-хоп и стрит денс

Urednik

📽️ Sarah Mace and The Girlzz ја започнуваат празничната магија со „Нека Трепка“

Urednik

🎥 „Шеќерни луѓе“ селектиран на 10 меѓународни филмски фестивали

Urednik