СТАНДАРД life
Секс и врски

Јасни знаци дека жената навистина доживува оргазам, не може се да одглуми

Жените потешко доживуваат оргазам од мажите, а понекогаш дури и се преправаат дека ја достигнале кулминацијата за да не го повредат партнерот.

Сепак, истражувачите тврдат дека постојат знаци кои можат да покажат дека жената навистина доживеала кулминација за време на сексуалниот однос.

Проширување на зениците, црвенило на градите, забрзано дишење… Сето ова може да биде знак дека жената доживува оргазам.

Телото станува напнато

Кога жената ќе доживее оргазам, таа обично го напнува телото и ги собира мускулите, а понекогаш дури може да ве фати цврсто или да ве изгребе во тој момент.

Затегнување на вагиналните мускули

Мажот понекогаш може да почувствува кога жената доживува кулминација со тоа што ќе почувствува затегнување на нејзините вагинални мускули околу неговиот пенис или прст.

Поглед

Гледајте го партнерот право во очи. Ако ѝ е тешко да се фокусира на вас или нејзините зеници се шират, има добри шанси да ја достигне кулминацијата.

Затворање на очите

Понекогаш жената може да ги затвори очите додека достигнува кулминација, а ќе ги отвори само кога ќе помине чувството на задоволство.

Срцето чука

За да се постигне оргазам потребно е и забрзување на срцето. Отчукувањата ќе бидат побрзи и погласни, а понекогаш се толку гласни што не мора ни да го доближите увото до нејзините гради за да ги слушнете и почувствувате.

Сјај на кожата

Откако жената ќе доживее оргазам, забележете го сјајот на нејзиното лице. Постигнувањето на кулминација влијае на крвта да тече побрзо низ садовите, па изгледа како кожата да добива посебен сјај.

Неколку чекори со помош на кои жените полесно ќе постигнат оргазам

Поврзани вести

Алкохолот може да ви го скрати сексуалниот живот

Radmila Tasevska

Три знаци со кои несвесно ги одбивате мажите од вас

Radmila Tasevska

Зошто мажите сакаат орален секс?

Radmila Tasevska