СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Тејлор Свифт го помина Божиќ на НФЛ натпревар

Тејлор Свифт го помина Божиќ на натпревар од НФЛ, откако тимот на нејзиното момче Тревис Келце се соочи со Лас Вегас Рајдерс. Пејачката, секако, не ја пропушти можноста да навива за својот избраник, во божиќно издание.

Тејлор Свифт
Тејлор Свифт

Пејачката на стадионот пристигна во друштво на Дедо Мраз, а на главата носеше божиќна капа со извезениот број 87, кој Келце го носи на својот дрес. Со неа на трибините беа и нејзините родители.

Тејлор Свифт
Тејлор Свифт

Тејлор повторно беше главна атракција на натпреварот, каде многу фанови се појавија со транспаренти: „Тука сум за Тејлор Свифт!“

Сепак, поп дивата овојпат не му донесе среќа на тимот на своето момче, а Канзас Сити Чифс загубија со 14-20 од Рајдерс.

„Тејлор е вљубена до петици. Одамна не била со некој толку возбуден и горда што е со неа. Навикната е да се крие кога е во врска. Таа е воодушевена што не мора да биде со него за да се крие“, открија неодамна извори блиски на пејачката.

Поврзани вести

(ВИДЕО) Идрис Елба е главната ѕвезда на трејлерот за првата експанзија на Cyberpunk 2077

Urednik

📷Оптичка илузија или Photoshop? Многумина ги збуни еден детал од фотографијата на Ким Кардашијан

Urednik

Американска актерка задоволна од сексот со 72-годишен маж: „Одлично е, но не се случува често“

Radmila Tasevska