СТАНДАРД life
Шоубиз

📸📽Џенифер Лопез го прослави својот 56-ти роденден со стил: Ги покажа градите во фустан со длабоко деколте

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез организираше голема забава во Анталија за својот 56-ти роденден. Уживаше со своите блиски пријатели.

На социјалните мрежи сподели видеа од себе како танцува покрај торта. Објави и фотографии од нејзината хотелска соба, од концерт и фотографија од детството.

„Вие сте таков подарок! Ви благодарам многу за сите прекрасни желби за роденден“, напиша таа.

За таа пригода избра фустан со исечоци кој го истакнуваше нејзиното деколте. Изгледот го надополни со исфенирана фризура, смела шминка и накит.

На забавата, таа танцуваше на нејзината нова песна „Birthday“.

@john_jlover Jennifer Lopez’s Birthday Party 😍 #JLo #JenniferLopez #JLoLiveIn2025 #fy #fyp #foryoupage @JLO ♬ original sound – John JLover

Како што знаете, таа моментално е на турнејата „Up AllNight: Live in 2025“. Неодамна симулираше секс на концерт во Тенерифе, што доби бројни критики од фановите. Потоа отворено проговори за своите сексуални преференции.

„Некои денови, можеби затоа што е ново време за мене, можеби затоа што е лето и е жешко надвор, се чувствувам попалаво. Дали некогаш се чувствувате толку палаво? Во тие денови, ми се допаѓа брзо.“

Социјалните медиуми беа преплавени со коментари.

Поврзани вести

„Шинејд би била горда“: Ени Ленокс повика на прекин на огнот во Газа на Греми

Radmila Tasevska

Вил Смит се огласи за тврдењата дека е геј

Urednik

Музејот на восочни фигури треба да ја поправи фигурата на Двејн Џонсон, реагираше и самиот актер (ФОТО)

Radmila Tasevska