СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Бјанка Ценсори по полуголите изданија е снимена во долго палто и со шубара на главата

Бјанка Ценсори повторно го привлече вниманието со својата модна комбинација.

Фотографите ја снимија со нејзиниот сопруг Канје Вест на улиците на Лос Анџелес. 29-годишната девојка носеше широк кожен капут и потпетици, а на главата имаше шубара. Многумина беа изненадени од нејзиното издание откако неодамна Бјанка насекаде се појави полугола.

Неодамна таа беше со својот сопруг во казино во Лас Вегас, каде се појави во премал бикини топ и бело мини здолниште. Покрај тоа, таа не носела чевли, туку била боса. Порано се појавуваше во проѕирна облека, покривајќи ги градите со перница … Поради нејзините оскудни објави, Италијанците минатата година дури ја пријавија во полиција.

Канје на почетокот на годината објави неколку полуголи фотографии од сопругата на Инстаграм и испрати бизарна порака. „Оваа година нема панталони“, напиша тој покрај фотографијата на Бјанка како позира само во гаќички, а нејзините гради покриени со крзно.

Бјанка и Канје се венчаа минатиот декември откако раперот се разведе од Ким Кардашијан. Парот веќе подолго време изненадува со своите необични модни комбинации. Додека Бјанка обично се шета во оскудна облека, раперот е главно облечен во црно од глава до пети.

Поврзани вести

📽 Серена Вилијамс ја извади периката, изненади многумина со видео

Radmila Tasevska

📷Никој не е толку добар како неа: Жешки игри на брановите со убавата Хајди Клум

Urednik

Шакира за раскинувањето со Пике: Верував во „додека смртта не не раздели“, бев посветена

Urednik