СТАНДАРД life
Шоубиз

Адел конечно ги потврди шпекулациите? Во шоуто на нејзиниот пријател изјавила дека неодамна се омажила

Веќе извесно време обожавателите на Адел мислат дека пејачката се омажила во тајност. За време на шоуто на нејзиниот најдобар пријател Алан Кар, Адел конечно призна дека се омажила за нејзиниот партнер, спортскиот агент Рич Пол.

„Вечерва бев на шоуто на Алан Кар, а Адел беше во публиката. Алан ја праша публиката дали има некој што се омажи неодамна, а Адел извика: „Јас!“

Друго лице од публиката напиша слична порака на страницата. Тој вели дека биле во мал и интимен простор каде имало приближно 75 луѓе.

„Адел седеше веднаш зад мене со една другарка и тие одлично се забавуваа. Не и беше важно што ќе кажат луѓето и го задеваше Алан затоа што беа најдобри пријатели. Кога Алан праша дали некој неодамна се омажил, Адел рече го сторила тоа. Беше супер слатко“, напиша друг.

Никогаш не била позаљубена

Адел (35), која има син со поранешниот сопруг Симон Конецки, ја потврди врската со Паул во септември 2021 година. Во интервју за магазинот Elle во август минатата година, таа негираше дека се венчале по тогашните шпекулации.

Сепак, таа рече: „Никогаш не сум била толку заљубена. Опседната сум со него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

На концертот во септември, Адел навести дека е мажена. Девојка ја запроси, на што Адел одговори: „Не можам да се омажам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва“. Откако обожавателката била упорна, Адел низ смеа и рекла: „Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мир“.

На друг концерт во Лас Вегас, таа рече дека сака дете. „Навистина сакам наскоро повторно да бидам мајка“, сподели Адел со публиката на концертот. Таа зборуваше и за имиња за деца.

Поврзани вести

Музејот на восочни фигури треба да ја поправи фигурата на Двејн Џонсон, реагираше и самиот актер (ФОТО)

Radmila Tasevska

Тејлор Свифт одбила да настапува за британскиот крал Чарлс Трети: Еве зошто

Urednik

Клуни: Нема доволно дрога на светот за да ме натера повторно да го играм „Бетмен“

Urednik