Џенифер Лопез откри дека никогаш не планирала да се врати со Бен Афлек. Лопез гостуваше во радио емисијата Kyle and Jackie O Radio Show, каде зборуваше за врската со познатиот актер, а особено изненади со изјавата дека мора да се „пронајде“ по нивната неуспешна свршувачка во 2004 година.
„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од различни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имавме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: „Добро, нашите се случува еднаш во животот.‘ А кога се вративме заедно, едноставно не можев да поверувам. А знам дека ни тој не верувал. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.
Инаку, познато е дека Лопез и Афлек почнале да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се вериле. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По години разделба, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.
„Не можев да верувам, а мислам дека не веруваше ниту тој. Не го планиравме тоа. Навистина продолживме со нашите животи, но кога повторно се поврзавме, тоа беше речиси моментално и само знаевме“, рече таа.
После тоа Лопез зборуваше и за мајчинството бидејќи со Марк Ентони ги има 16-годишните близнаци Макс и Ема. Од друга страна, Афлек има две ќерки, Виолет (18) и Серафина (15) и син Семјуел (11) од бракот со Џенифер Гарнер.