Сестрата на Калиопи, Корнелија Буклеска, која работеше како новинарка и уредник на Редакцијата за култура и уметност во Македонското радио, вчера го прослави 64-от роденден.
Во семејството на Калиопи вчера се славеше, а повод беше роденденот на нејзината сестра и нејзиното заминување во пензија.
Видно среќната Калиопи ѝ го честиташе роденденот. а воедно и пензионирањето на својата сестра Корнелија Буклеска.
Со емотивни зборови и фотографии Калиопи на својот профил на Инстаграм ја сподели прекрасната роденденска честитка што ѝ ја упати на Корнелија, како и заминувањето во пензија.
View this post on Instagram
„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025 , го прослави својот роденден и заминувањето во пензија… Овој глас не милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе,Корнелија… Ти честитам мила моја! Сега е време за твојата друга љубов – пишувањето! Те сакам Нели моја… Твоја Опи“, напиша емотивната Калиопи.
И колегите ја испратија во заслужена пензија, по 37 години поминати во радиото.
„Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото. Taa e и останува храбра жена и понатаму.
Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија.
Среќнои нека се множат годините, наша Корнелија!
Од МРА“, стои во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на Македонско Радио – Радио Скопје.
Корнелија, која 37 години беше еден од најпрепознатливите гласови и уреднички потписи на јавниот сервис, беше испратена во пензија со прослава и подароци од колегите.
