СТАНДАРД life
Шоубиз

ГОДИНИТЕ СЕ САМО БРОЈКА: Џегер во среда го слави својот 80-ти роденден, а на забавата кани повеќе од 300 луѓе

Мик Џегер во среда го слави својот 80-ти роденден, а се чини дека за легендарниот пејач, годините се само бројка. Ѕвездата на Ролинг Стоунс планира да организира голема забава во Лондон во една од најстарите ботанички градини, а како што пренесува „Мирор“, планира да покани повеќе од 300 луѓе.

– Навршувањето 80 е голема пресвртница за секого и Мик сака да организира забава која никој нема да ја заборави – открил изворот.

Инаку, славниот рокер минатата година беше на славеничката турнеја на Стоунс, на која беа одбележани 60-годишнината, а иако го преболи коронавирусот, Џегер не планира да престане.

– Не мислам дека уживањето во животот е ексклузивна привилегија на младите… Не мислите ли дека понекогаш е мудро да не пораснете? – изјави неодамна пејачот.

Поврзани вести

(Фото) Три најголеми ѕвезди прогласени за најлошо облечени дами на Златен глобус: Пејачката на работ на вулгарност, актерката делувала евтино

Urednik

Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

Radmila Tasevska

Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Добивав стотици смртни закани секој ден“

Radmila Tasevska