СТАНДАРД life
Шоубиз

Канје и Бјанка добија доживотна забрана за возење на брод откако го покажа задникот

КАНЈЕ ВЕСТ и неговата сопруга Бјанка Ценсори добија доживотна забрана за возење на брод со кој се прошетаа во Венеција, на кој раперот во еден момент го покажа задникот, пишуваат италијанските медиуми.

Италијанската компанија Venezia Turismo Motoscafi рече дека двајцата повеќе не се добредојдени на ниту еден од нивните чамци. Од компанијата тврдат дека не знаеле дека се случил инцидентот додека не ги виделе извештаите во медиумите.

„Возачот морал да внимава на сообраќајот и не ги видел овие безобразности. Да ги видел веднаш ќе ги идтоварил и ќе ги пријавел прекршителите кај надлежните“, објаснуваат тие и за инцидентот обвинуваат трето лице кое било во бродот со нив, кое, како што тврдат, го блокирало погледот кон тој дел од бродот.

Да потсетиме, Бјанка со своите испади ги шокираше Италијанците, кои ја пријавија во полиција. На раперот и неговата сопруга за време на возењето со брод во Венеција им се придружиле возачот и непозната пријателка. Канје бил облечен во црно и седел на подигнат дел од чамецот со делумно спуштени панталони. Дали намерно или случајно го покажа голиот задник, ќе остане вечна мистерија.

Поврзани вести

Бредли Купер во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо: Популарната манекенка и актерот фотографирани заедно (ФОТО)

Radmila Tasevska

Кралот Чарлс и принцезата Кејт обвинети за расизам кон бебето на Хари и Меган

Urednik

Необично враќање на бој-бендот кој „жареше и палеше“ во деведесеттите: По 22 години доаѓа нова музика

Urednik