21.8 C
Скопје
28 септември, 2026
СТАНДАРД life
Балкан микс

Карлеуша закажа датум и рече: „Сите сте поканети, јас честам“!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил ги покани фановите на бесплатен концерт наречен „Алфа и омега“.

На 13 август, по 11 години пауза, Карлеуша го издаде албумот „Алфа“ кој привлече големо внимание во јавноста, а само неколку дена подоцна го издаде и албумот „Омега“.

Обожавателите кои со нетрпение ги чекаа новите песни на Јелена беа воодушевени што пејачката уште еднаш ги помести границите и го донесе светот на српската естрада, но за нивна среќа на убавите вести им нема крај.

Имено, Карлеуша се огласи на својот Инстаграм профил и ги покани сите заинтересирани на нејзиниот концерт кој ќе биде потполно бесплатен.

– Промо концерт „Алфа и Омега“, 18 септември 2023 година, Белград на вода! Сите сте поканети, јас честам – напиша таа.

Поврзани вести

Тика Станиќ: Пиев уште од рано детство, дневно и до 2 литри жестоко

Urednik

Вдовицата на Оливер Драгојевиќ ја откри причината зошто 3 децении не сакал да пее во Белград

Urednik

ВО ТРЕНД! Александра Пријовиќ во топ издание, покажа колку е згодна!

Radmila Tasevska