СТАНДАРД life
Балкан микс

Северина за трагедијата во Градачац: „Научете ги ќерките да се тепаат“

Северина на Инстаграм го сподели своето мислење за трагедијата во Градачац која го потресе цел свет. Таа објави фотографии од неколку знаци од регионалните медиуми, а потоа и фотографија на која пишува: „Стоп за фемицидот“.

Заедно со објавата, хрватската пејачка сподели и илустрација на српската уметница Валентина Талијан, која веќе неколку дена кружи на социјалните мрежи: „Научете ги ќерките да се борат, државата ја боли к*р“.

Да потсетиме, регионот и светот неодамна го потресе веста за убиството на Низама Хеќимовиќ, која брутално беше убиена од Нермин Сулејмановиќ, насилник, бодибилдер и невенчан сопруг од кој побегнала и се засолнила кај тетка и.

Сулејмановиќ убил уште двајца невини пред конечно да се самоубие. Убиената го оставила монструмот откако неколку пати го пријавувала за насилство и се криела од него кај нејзината тетка.

Насилникот ја киднапирал, за да ја однесе на друга локација и таму да ја убие пред очите на бебето. Сè во живо пренесуваше на Инстаграм.

Поврзани вести

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Денеска е роден Оливер Драгојевиќ: Во последната порака кажа што е најважно во животот

Urednik

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska