СТАНДАРД life
Шоубиз

Сепак, не се откажала од старателството: Софија Вергара го задржала кучето Баблс

Актерката Софија Вергара и актерот Џо Манџанело се разделија по седум години брак, а иако во јавноста открија дека сè уште се во добри односи, познато е дека се изборија за старателството над нивното куче Баблс, чивава.

Уште од веста за разводот, Вергара не престана да излегува да поминува време со пријателите, а не ја симнува насмевката од лицето.

Во светските медиуми неодамна се пишуваше дека актерката се откажала од борбата за својот миленик, како и дека тоа му го препуштила на бившиот.

Сепак, според последните објави на социјалните мрежи, се чини дека Софија се предомислила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Таа со последната објава на Инстаграм покажа дека кучето е сè уште со неа.

– Летни вечери – напиша таа во описот.

На една фотографија Софија во раце го држи својот сакан Баблс, што го забележаа и нејзините следбеници.

„Го зачува кучето“, „Браво кралице“, се дел од коментарите.

Софија претходно зборуваше за Баблс, и истакна дека кучето е нивно, но дека многу повеќе го сака Џо.

-Тоа куче ме мрази. „Го интересира само Џо“, рече Софија претходно кога зборуваше за Баблс.

Да потсетиме дека Софија и Џо се венчаа во 2015 година на Флорида, а истиот ден потпишаа предбрачен договор за заштита на нивниот имот.

Поврзани вести

Кристин Дејвис за женскиот изглед: „Ако немаш 30 години, не треба да изгледаш така!“

Urednik

Флоренс Пју откри што се крие зад контроверзниот фустан во кој ги откри градите

Urednik

Софија Вергара го покажа гардероберот, вниманието го украде коментарот на колегата од „Модерното семејство“ (ФОТО)

Radmila Tasevska