СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Канје нападна репортер што праша за Бјанка: „Дали си луда? Јас сум Легенда“

Канје Вест ѝ го грабнал мобилниот телефон на новинарка од рака откако таа му поставила прашање за неговата сопруга Бјанка Ценсори.

Инцидентот, снимен на видео од „ТМЗ“ (TMZ), се случил додека раперот бил на пат кон церемонијата на Булеварот на славните на Чарли Вилсон, одржана на булеварот Холивуд, пишува „Њујорк пост“.

Во видеото, новинарката му пришла на Вест одзади, прашувајќи го: „Луѓето сакаат да знаат дали Бјанка има своја слободна волја, некои луѓе велат дека ја контролираш …“

Меѓутоа, пред да ја заврши реченицата, раперот се свртел кон неа и ѝ го грабнал телефонот од раце. Во видеото може да се слушне како тој ѝ вели: „Не ми доаѓај со тоа глупаво срање, јас сум личност. Дали си луда?“

„Јас сум легенда, тука сум да го поддржам Чарли Вилсон, а вие доаѓате да ме прашувате некои глупости за мојата сопруга. Тоа е мојата сопруга“, продолжил раперот.

Потоа се свртел кон новинарката и ја прашал „дали има слободна волја или работи за ѓаволот“.

Додека новинарката молела да ѝ го врати телефонот, се слушале неколку луѓе кои се обидувале да ја смират ситуацијата, но безуспешно.

„Ме прашавте дали мојата сопруга има слободна волја. Дали тоа беше глупаво, непочитувачко прашање кое го поставивте на возрасен суперхерој“, продолжи Вест.

„Одговорете на прашањето, јас треба да одговорам на вашите прашања, одговорете и вие на моите прашања“.

Пред да се повлече, Вест ѝ понудил работа на новинарката, дури и велејќи дека ќе ѝ плати двојно повеќе од она што ѝ го плаќа „ТМЗ“.

Ова доаѓа откако се појавија написи во медиумите дека Вест ѝ забранил на својата сопруга да ги користи социјалните мрежи заради нејзина заштита.

Според „Дејли Мејл“, раперот наводно ѝ забранил на Ценсори да користи социјални мрежи за да избегне негативни коментари.

„Бјанка отсекогаш имала социјални медиуми и била активна на нив – сè додека не се омажила за Канје“, рекол изворот за „Дејли Мејл“.

„Тој не сака таа да ги има бидејќи мисли дека ќе ѝ биде тешко ако мора да ги чита грдите работи што луѓето ги кажуваат.

„Тој ја убеди дека со оглед на тоа што сега е ѕвезда, мора да остане мистерија и тоа е морничаво за оние кои ја познаваат затоа што се чувствува како друга форма на контрола“, заклучил изворот.

Поврзани вести

Обвинувањата за расизам не ја погодуваат Кејт Мидлтон: „Подготвена да се бори за она што го сака и она што мисли дека е правилно“

Urednik

📷Каде тргнала? Сури Круз влечеше куфер по улиците на Њујорк

Urednik

Софија Вергара е „кралицата на кокаинот“ во тизерот за „Griselda“

Urednik