СТАНДАРД life
Шоубиз

Мајкл Бубле по 27 години ја завршува музичката кариера: „Ми стана малку монотоно…“

Мајкл Бубле (48) објави дека по 27 години успешна кариера ќе престане да се занимава со музика. Тој со таа изјава ја изненади јавноста, а пејачот одбра отсега да се занимава со филмови и серии.

– Мислам дека сега сум во период од мојот живот каде сакам да се занимавам со нешто друго. Секогаш ќе имам љубов кон музиката, но ми треба време да направам некои други работи – искрено изјави пејачот во подкастот „Diary of a CEO“.

Мајкл, кој е најпознат по божиќниот хит „It‘s beginning to Look A Lot Like Christmas“, исто така додаде дека не би сакал јавноста да го памети како „средениот Мајкл“, кој секогаш е во одела, туку да биде познат како „лежерниот Мајк“.

– Секоја вечер кога ќе облечам одело и ќе излезам на сцената, станувам личност која отсекогаш сакав да бидам. Тој е кул и секогаш ги кажува вистинските работи, но и јас можам да бидам непослушен. Ќе го запознаете наскоро, тоа е сигурно. Дваесет години ја работам истата работа, стана монотона – објасни канадската ѕвезда.

Меѓу другото, интервјуто ја допре и болеста на неговиот син Ноа, кој го има со сопругата, актерката Лусијана Лопилато (36).

На нивниот син му бил дијагностициран рак на црниот дроб во 2016 година кога имал три години.

– Болеста на мојот син целосно ме шокираше, сфатив дека семејството сега ми е приоритет и дека морам да го игнорирам моето его и кариера – изјави Мајкл, кој потоа ги откажа сите концерти и планови за да биде покрај него во тешките моменти на хемотерапија и зрачење.

За среќа, ракот на сега веќе десетгодишното момче мирува од 2017 година, а гордиот татко на социјалните мрежи се пофали дека момчето учи да свири клавир и дека тргнало по неговите стапки.

Покрај Ноа, канадскиот пејач со сопругата има уште три деца: синот Елиас и ќерките Вида и Сиело.

Поврзани вести

Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за антисемитскиот пост

Urednik

🎥Кристен Стјуарт и Ед Харис глумат во нов трилер, трејлерот е вистински ХИТ!

Urednik

Брајан Адамс за врската со принцезата Дијана: „Се обидов да ја спасам од се…“

Urednik