Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, „Woman in me“, се продадени во милион и сто илјади примероци само во САД, во првата недела по објавувањето.
„Во мемоарите ги влеав срцето и душата и благодарна сум на многубројните фанови и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка“, изјави меѓу другото Бритни Спирс во изјавата за книжарницата Gallery Books.
Податоците за продадените копии вклучуваат однапред нарачани книги, печатени копии, аудиокниги и е-книги, според АП.
Нејзините мемоари беа пофалени од критичарите како привлечна приказна за нејзиниот раст до глобална слава и неволјите што ја претекнаа, особено како резултат на старателството што со години му даваше на нејзиниот татко контрола над поголемиот дел од нејзиниот живот.
„Woman in me“ не беше најпродаваната книга во првата недела од објавувањето во САД, бидејќи мемоарите на британскиот принц Хари „Spare“ се продадоа во 1,6 милиони примероци во првата недела.