СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
Шоубиз

На Ким Кардашијан ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот

Американската старлета, Ким Кардашијан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми во четврток.

Кардашијан ја откри својата дијагноза за време на претпремиерата на седмата сезона од реалното шоу „Кардашијан“, кое премиерно се емитува на платформата Hulu, според извештаите.

Не е познато дали Кардашијан имала симптоми на состојбата, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид, напишаа медиумите.

Ројтерс соопшти дека не може веднаш да ги потврди информациите. Агентите на Ким Кардашијан, како и нејзините претставници за односи со јавноста и адвокатот, не беа веднаш достапни за коментар.

 

Поврзани вести

Познато кои актери им се придружуваат на Мерил Стрип и Ен Хатавеј во „The Devil Wears Prada 2“

Urednik

Започнува судењето на Шакира

Radmila Tasevska

Де Ниро го загуби случајот, треба да и плати на поранешната помошничка повеќе од милион долари

Radmila Tasevska