СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
Шоубиз

На Ким Кардашијан ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот

Американската старлета, Ким Кардашијан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми во четврток.

Кардашијан ја откри својата дијагноза за време на претпремиерата на седмата сезона од реалното шоу „Кардашијан“, кое премиерно се емитува на платформата Hulu, според извештаите.

Не е познато дали Кардашијан имала симптоми на состојбата, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид, напишаа медиумите.

Ројтерс соопшти дека не може веднаш да ги потврди информациите. Агентите на Ким Кардашијан, како и нејзините претставници за односи со јавноста и адвокатот, не беа веднаш достапни за коментар.

 

Поврзани вести

(Фото) Вака се прославува развод! Џесика Алба во минијатурно бикини сочно се бакнува со 11 години помладото момче

Urednik

Емили Ратајковски и официјално се разведе по три години: „Бев многу несреќна“

Urednik

Џенифер Лопез: Живеев во страв да не бидам сама засекогаш

Radmila Tasevska