Објавени се номинациите за Оскар, а еден филм крена прашина. Барби заработи осум номинации, но Академијата не ја номинираше Грета Гервиг, режисер и сценарист, како и Маргот Роби, главната актерка, додека Рајан Гослинг беше номиниран за најдобра споредна машка улога во филм.
Таа одлука ги разбесни фановите кои ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а изгледа не му се допадна ниту на актерот кој го глумеше Кен. Сега објави се. „Тоа е потценување да се каже разочаран сум што тие не беа номинирани во нивните соодветни категории“, рече Гослинг во изјавата.
„Го нема Кен без Барби“
„Многу сум почестен што сум номиниран покрај моите неверојатни колеги кои глумеле во други одлични филмови. И никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но неверојатно сум горд што отелотворувам пластична кукла по име Кен“, додаде тој.
„Но, го нема Кен без Барби, и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Маргот Роби, кои се најзаслужни за овој неверојатен филм“, заклучил тој. Со слично мислење е и неговата колешка Америка Ферера, која за Variety изјави дека е многу разочарана што Роби и Гервиг не биле номинирани.
Да потсетиме, очекувано, филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ експлодираше и доби 13 номинации. Следува Poor Things со Ема Стоун со 11 номинации, додека драмата на Мартин Скорсезе Killers of the Flower Moon доби 10. Погледнете ги сите номинации овде.