Облечена во необични фармерки и бел кроп топ, канадската пејачка Нели Фуртадо беше фотографирана во Њујорк, каде пристигна за да се врати на самиот врв на музичката сцена. Токму таму каде што беше пред 23 години кога го сними својот најголем хит ‘I’m Like A Bird’.
44-годишната пејачка со португалски корени не се промени премногу од деновите кога блескаше на светската музичка сцена. Позната по љубовта кон експериментирањето со различни инструменти, звуци, вокални стилови и јазици, Нели пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави дека повторно соработува со Тимбаленд, па за очекување е овој пат да „пукаат многу високо“.
Таа соработуваше со него во 2006 година на албумот „Loose“, кој вклучува песни како „Promiscuous“, „Maneater“, „All Good Things (Come to an End)“, „Say It Right“ и „Do It“, но ниту еден од нејзините албуми навистина не постигна таков успех како нејзиниот деби албум „Whoa, Nelly“, каде хитот „I’m Like A Bird“ беше награден со Греми.
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, таа на 20 септември 2003 година ја доби ќерката Невис со диџејот Џаспер Гахуни. Иако нивната врска не траеше, тие останаа во добри односи за доброто на нивната ќерка. Од 2008 до 2016 година, таа беше во брак со кубанскиот музичар Демасио Кастелон.
По разводот, таа се пошегува за себе, велејќи: „Сега сум сингл. Затоа ве молам некој да го ажурира тоа на мојата биографија на Википедија бидејќи тие информации ги повредуваат моите шанси за запознавање.’