СТАНДАРД life
Шоубиз

Уште едно розево издание од Марго Роби, овој пат по моделот на вистинската Барбика

На секоја премиера на филмот „Барби“, Марго Роби ја прави врвната промоција со нејзините внимателно испланирани комбинации. Розевиот свет на Барби и стана секојдневие, а овој пат инспирацијата ја нашла во кукла која можеби и самата ја имала.

Стилистот кој соработува со Роби деновиве има полни раце работа затоа што морал да смисли десетици розови комбинации, а кога облекувате ѕвезда како прекрасната Марго, задачата не е нималку лесна бидејќи секој аутфит мора да биде „тип-топ“. Овој пат, Ендрју Мукамал најде инспирација во ‘Earring Magic Barbie’, куклата Барби која беше достапна на полиците на различни продавници во 90-тите.

Така Маргот Роби пристигна во Мексико како вистинска реална барбика во розово, панк-стил издание.

Кожениот мини фустан овој пат го комбинираше со розови високи чевли, а се зачини со модни додатоци! Околу половината има сребрен метален појас со украсна ѕвезда, а аксесоарите – преголеми обетки со висечки ѕвезди и срциња.

Куклата која излезе во продажба околу 1991 година имаше токму таков аутфит со истите додатоци, а ваква рекреација на Барби ретко се гледа.

Поврзани вести

Мадона блесна во природно издание, сликана додека вози велосипед (ФОТО)

Radmila Tasevska

Филмот на Тејлор Свифт, „Ерас“ номиниран за „Златен глобус“

Radmila Tasevska

📷Џенифер Анистон се верила?

Radmila Tasevska