СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО) Хоакин Феникс и удрил шлаканица на Ванеса Кирби во „Наполеон“

ВАНЕСА Кирби и Хоакин Феникс на снимањето на „Наполеон“ склучија договор што му дозволи на актерот да и удри шлаканица на својата колешка. Покрај тоа, Кирби му дозволи да направи се што сака за целосно да влезе во улогата.

„Снимавме сцена каде парот се кара. Сакавме да се изненадиме, па Феникс ми рече да правам што сакам. Му реков истото важи и за него – може да ме удри, да ме зграпќи, да ме турне, да ме бакне“, рече Кирби, која верува дека тој договор обезбедил да создадат незаборавни и искрени снимки.

„Најдобро е да работите со креативен партнер на кој му верувате и со кој се чувствувате безбедно“, додаде таа.

Сцената каде што Феникс и удира шлаканица на Кирби всушност воопшто не беше дел од оригиналното сценарио, но тимот се согласи дека е толку реално одглумена што ќе биде во филмот, кој ќе се појави во кината на 22 ноември 2023 година.

Да потсетиме дека заплетот на филмот ќе биде фокусиран на доаѓањето на Наполеон на власт и неговиот нестабилен однос со царицата Жозефина. Филмот ќе прикажува и динамични борбени сцени низ кои може да се види воениот и тактичкиот гениј на Наполеон.

Трејлерот можете да го погледнете подолу:

Поврзани вести

📸 Објавата на Селена Гомез доби над десет милиони лајкови за еден ден

Radmila Tasevska

Мадона прво ја разочара публиката со својот настап, а сега и се заканува казна од 300.000 фунти: Прекрши правило во Лондон

Radmila Tasevska

Бен Афлек и Џенифер Лопез го започнаа денот со слатки бакнежи

Urednik