Џејда Пинкет Смит откри дека таа и нејзиниот сопруг, актерот Вил Смит, живеат „целосно одвоени животи“ од 2016 година, иако не се законски разведени.
Пинкет Смит во изјава за NBC News изјави дека не ја информирале јавноста порано за нивната разделба бидејќи не биле подготвени. Таа додаде дека таа и Вил Смит се обидуваат да најдат начин да го одржат партнерството и покрај се.
„Како да им го претставиме на луѓето? Не најдовме начин“, изјави Пинкет Смит за NBC News.
Џејда Пинкет Смит (52) и Вил Смит (55) се во брак од 1997 година, а нивната врска се најде под лупа на јавноста во 2020 година кога пејачот Август Алсина изјави дека е во романтична врска со Пинкет Смит, што таа и го потврди.
„Влегов во врска со Август“, изјавила сопругата на Смит во едно ток-шоу што го водеше, објаснувајќи дека таа и Смит во тоа време минувале низ тежок проблем.
Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на Оскарите во 2022 година, откако се пошегува на сметка на фризурата на Пинкет Смит. Имено, таа боледува од алопеција која предизвикала опаѓање на косата.
Во интервју за NBC News, таа рече дека колапсот на бракот дошол поради многу причини. Таа додаде дека ветила дека нема да има причина да се разведе и дека досега не можела да го прекрши тоа ветување.
Таа откри повеќе детали за бракот, кариерата, растењето со сопругот Вил Смит во своите мемоари, кои треба да бидат објавени на 17 октомври.