СТАНДАРД life
Шоубиз

Ѕвездата на „Сексот и градот“ штрајкува со глад за да повика на траен прекин на огнот во Газа

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Синтија НИКСОН им се придружи на демонстрантите пред Белата куќа кои бараат траен прекин на огнот во Газа. 57-годишната актерка потврди дека ќе штрајкува со глад два дена за да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат Палестинците кои поради израелската блокада се лишени од храна и вода.

За време на демонстрациите, рече таа, цитирана од „Тајм“, дека тие штрајкуваат со глад за да му покажат на претседателот Џо Бајден што се случува во Газа и дека тој има моќ да воспостави траен прекин на огнот. „Ништо од ова не е нормално. Ништо од ова не е рутина и ништо од ова не може да се дозволи да продолжи“, рече Никсон.

Таа се обиде да го стави високиот биланс на палестински жртви во контекст на 20-годишното воено учество на САД во Авганистан, истовремено споменувајќи ги и околу 1.200 Израелци убиени во нападот на Хамас на 7 октомври. Претставувајќи се себеси како „мајка на еврејски деца чии баби и дедовци го преживеале Холокаустот“, таа рече:

„За седум недели, Израел уби повеќе цивили на мал појас земја отколку што беше убиено во 20 години војна во цел Авганистан. Уморна сум од луѓето да го објаснуваат ова со тоа што велат дека цивилните жртви се рутински данок на војната. Не е ништо рутинско за овие бројки. Нема ништо рутинско за овие смртни случаи“.

Бела Хадид за конфликтот меѓу Израел и Хамас: „Добивав стотици смртни закани секој ден“

Поврзани вести

И го донираше својот бубрег, а потоа се оддалечија: Најдобрата пријателка на Селена Гомез откри каков однос имаат тие две сега

Radmila Tasevska

📸Селена Гомез на Инстаграм воодушеви со фотографии на кои позира без шминка

Radmila Tasevska

Килијан Марфи откри зошто не сака мобилни телефони: Во мојата куќа нема интернет

Radmila Tasevska