СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Дечкото на Тејлор Свифт наљути многумина со однесувањето: Пијан се обидел да пее додека го држеле

Тревис Келче, момчето на Тејлор Свифт, го привлече вниманието на јавноста и ги налути обожавателите откако беше снимен како пијан на парадата во Канзас Сити додека ја прославува победата во Супербол со неговиот тим Канзас Сити Чифс.

Градот му приреди големо добредојде на тимот, а кога тие излегоа на сцената, Келче го зеде микрофонот и се обиде да ги отпее Friends in Low Places од кантри уметникот Гарт Брукс. Спортистот се мачеше да изговара зборови и цело време се нишаше, па членовите на неговиот тим мораа да го држат.

Да потсетиме дека Тејлор го бодреше своето момче од трибините на Суперболот, а тие победата ја прославија со бакнеж. Сепак, Келче се соочи со критики откако го турна својот тренер Енди Рид во лута размена за време на Суперболот, при што многумина коментираа дека неговото однесување е неприфатливо.

Поврзани вести

„Ја имав најубавата кариера, неверојатна“: Елтон Џон го одржа последниот концерт од својата проштална турнеја

Radmila Tasevska

Шаја Лабаф ослободен со кауција од 100.000 долари, судот му нареди задолжително лекување од зависности

Urednik

Хали Бери го финализираше разводот, но мора да плати вртоглава алиментација

Urednik