20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 „Изгледа како пијана домаќинка“: Ким Кардашијан исмејувана откако зачекори по модната писта

Ким Кардашијан повторно е главна тема на социјалните мрежи, а тоа е поради нејзиниот необичен изглед на модната писта.

На Неделата на модата во Париз, Ким прошета по модната писта на ревијата на Баленсијага. Иако нејзината мајка Крис Џенер гордо сподели видео од нејзината прошетка на својот Инстаграм профил, публиката не беше толку воодушевена. Негативни реакции од нивните следбеници набрзо следеа по објавата.

Една од нив ја тагна Кендал Џенер, сестрата на Ким, која е меѓу најуспешните модели во светот, и праша: „Можеш ли да ѝ помогнеш на сестра ти?“ Некои ја споредија со „уморно дете“ и „жена што пиела премногу алкохол“.

„Вака одам откако испив две маргарити и се обидував да бидам незабележлива кога всушност сум пијана“, „Прекрасна е, но изгледа како страдална домаќинка која премногу се напила и ќе отвори на влезната врата“, „Зошто не ја праша Кендал за часови затоа што вака не се оди“, „Изгледа како да е во болка, болна или пијана“, „Се обиде да биде заводлива, но не функционира“, „Никој од присутните дури и не ја погледна“, беа коментарите.

Патем, Ким носеше креација од Баленсијага инспирирана од чипканата ноќница што ја носеше Елизабет Тејлор во филмот „Мачка на вжештен лимен покрив“ од 1958 година.

Крис Џенер, исто така, во видеото нагласи дека Ким ги носела оригиналните дијамантски обетки на Елизабет Тејлор од приватната колекција на Лорејн Шварц.

Поврзани вести

Заврши историскиот штрајк на актерите: Погледнете кои филмови продолжуваат да се снимаат веднаш

Urednik

🎥Како изгледа внатрешноста на продавница со потпис на Анџелина Џоли

Urednik

Почина актерот Андре Браугер

Urednik